ВМРО-ДПМНЕ е партија која неуморно ги ангажира своите партиски ресурси, но и секојдневно работи на привлекување на нови кадри кои внесуваат свежина, нови идеи во партијата и секогаш се грижи да биде во тек со своите сестрински партии во светот.
Во пресрет на локалните избори, соопшти денеска ВМРО – ДПМНЕ, пренесовме неколку искуства од сестрински партии од другите земји со цел подобрување на квалитетот на изборната кампања и поголема информираност на граѓаните.
Со ваквите активности, подвлекуваат, ги користиме искуствата на останатите партии кои придонеле за развој на нивните општества и ги земаме како пример сите позитивни ефекти за да ги приспособиме во нашето општество за подобар живот на граѓаните на Република Македонија.
– Како и досега ќе продолжиме да ги користиме искуствата од партиите кои членуваат во Европската народна партија и Меѓународната демократска организација, стои во соопштенеито од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ е асоцијативна членка во Европската народна партија, во која членуваат партии со десничарска политичка ориентација од 37 европски земји од кои Народната партија од Шпанија, ЦДУ на канцеларот Ангела Меркел од Германија, ПО од Полска, ПДЛ од Италија, УМП од Франција, Модератерна од Шведска и многу други.
Партијата, се посочува, ја продолжува активната соработка со над повеќе од 80 демохристијански и конзервативни партии кои членуваат во Меѓународната демократска организација.
– Преку оваа организација продолжуваме да ги надградуваме своите вредности и принципи се со цел да бидеме партија која се повеќе ќе биде во служба на народот. Меѓународната демократска унија ги обединува сите светски унии меѓу кои е Европската народна партија, чијшто член е и ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа организација членуваат и Униите на Латинска Америка, Азија, Пацифик, Карибија, Демократската унија на Африка, Европската демократска унија, како и Републиканската партија од САД, се вели во соопштението.
Како членка на светската организација на десничарски партии, ВМРО – ДПМНЕ рамо до рамо со останатите партии кои членуваат, се бори за слободата и демократијата како основни вредности на човекот и општеството.