Народното движење за Македонија ја почна кампањата од Прилеп

Од:

Под мотото „За нов политички избор“ денеска Народното движење за Македонија ја почна изборната кампања од Прилеп.

Пред граѓаните говореа претседателот на партијата Јанко Бачев и носителот на листата на советници Гоце Најдовски.

Бачев истакна дека на локалните избори ќе настапат самостојно со 31 листа на кандидати за советници и 12 листи на кандидати за градоначалници.

– НДМ како партија од народот, за народот, со народот, овие избори ги гледа како шанса за демократизација, поточно, токму овие избори треба да го најават позитивниот пресврт во развојот на македонската држава. Дотолку повеќе што граѓаните не ја заборават и не ја прифаќаат црно-белата слика што дваесетина години ја креираат двете големи партии на македонската политичка сцена, рече Бачев.

Ги повика граѓаните да гласаат за, како што рече, сопствените општини и за доброто на Македонија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ