Ураганот Дориан, кој прерасна во категорија пет, што значи дека може да предизвика катастрофални нивоа на уништување, ги погоди северните делови на Бахамите.
Бахамите се погодени од големи бранови и ветрови што достигнуваат брзина од 285 километри на час, при што властите ги повикуваат граѓаните што живеат на низините во погодените области да се евакуираат.
Хотелите се затворени, а стотици луѓе веќе се сместиле во училишта, цркви и други засолништа.
Во некои делови веќе нема електрична енергија и вода.
Американскиот национален центар за урагани наведува дека тоа е најсилниот ураган што ги погодил Бахамите, како и дека на остовите Абако има „катастрофалните услови“.