Шекеринска: Северна Македонија де факто функционира како членка на НАТО

Од:

Членството во НАТО е прашање на недели и никој нема дилеми дека земјава функционира како де факто членка на Алијансата. Ја добивме поканата, многу брзо и успешно го завршивме процесот на преговори, и ниту една земја-членка не отвори ниту едно спорно прашање за ратификација на протоколите.

Ова денеска го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на потпишувањето на договорите со питомците за стручно оспособување и усовршување на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, одговарајќи на прашањето до каде е процесот на ратификација на протоколот за членство на земјава во Алијансата.

Посочи дека процесот на ратификации на Протоколот за членство на земјава во НАТО течеше неочекувано и многу брзо, што, според неа, е реткост за која било земја.

Рече дека останаа уште неколку земји каде што процесите на ратификација се во завршните фази и изрази очекување оваа есен процесот на ратификација да го завршат и САД, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, Исланд и Холандија, каде вториот дом на Парламентот треба да ја донесе одлуката.

– Во ратификациите на вакви протоколи, секогаш има факор икс. Доволно е видите што се случуваше во Италија и Шпанија со можноста за предвремени избори, и да видите дека тука планирањето многу не помага. За нас е добра вест кога чувме дека е направен договор за нова италијанска Влада, и се надеваме оти тоа значи дека Парламентот ќе биде активен и ќе ја продолжи ратификацијата, додаде таа.

Потсети дека и во Велика Британија исто така има некои политички превирања.

– Таму беа доволни пет дена предлогот да биде ставен во процедура и практично на завршувањето на тие пет дена да се смета одлуката да биде донесена. Но сега заради суспензиите на Парламентот се уште не се јасни сите детали и сите термини за да можеме да претпставуме кога ќе се случи, појасни министерката Шекеринска.

Амбасадорите на 29-те земји-членки на 6 февруари годинава во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Очекувањата се дека по завршувањето на ратификациите на протоколот, во декември земјава ќе добие одлука за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски