Во Крушево зголемена уплата на туристичка такса, повеќе туристи и ноќевања

Од:

Уплатата на туристичката такса во Крушево за минатата, 2018 година, се зголемила за 39 насто, во споредба со 2017 година, покажуваат пресметките во крушевската локална самоуправа.

Тоа, според крушевскиот градоначалник Томе Христоски покажува дека свесноста за уплаќање на оваа давачка се зголемува, но сѐ уште постои прикривање инеуплаќање.

– Зголемената уплата на туристичката такса во текот на минатата година покажува дека, од една страна, се зголемил бројот на туристите и ноќевањата во Крушево , а од друга страна, се зголеми и свесноста за уплаќање на таксата. Ни престои сѐ уште работа на ова поле и затоа ги повикувам сите издавачи на соби, вили и хотели, целосно да ја плаќаат таксата зашто преку изградба на патиштата, подобрата промоција, хигиената, тие пари се враќаат кон угостителскиот сектор, вели Христоски.

Во оваа година, Крушево очекува уште повеќе да се зголеми процентот на уплатата на туристичката такса.

Паралелно со покачувањето на уплатата на туристичката такса расте и бројот на туристите. Така, според податоците на општина Крушево, во првите шест месеци од годинава, за 17 насто е зголемен бројот на туристите во споредба со истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ