Мониторинг на медиумите за партиско-политичките и меѓуетничките прашања пред изборите

Од:

Првите квалитативни наоди од набљудувањето чија цел беше да се утврди како медиумите известуваат за и околу локалните избори, покажуваат дека има примери на повици кон насилство, експлицитен говор на омраза и потпалувачки говор, негативна дискриминација или стереотипизација на етничка основа, негативен говор насочен кон поединци и маргинализирани групи, политичка пристрасност и демонизација на политички актери и тенденциозно ивестување и непочитување на професионалните стандарди.

Високата школа за новинарство и односи со јавноста денеска на јавна дебата го презентираше првиот извештај за набљудувањето на известувањето на медиумите за партиско-политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период, проект поддржан од Холандската амбасада и ОБСЕ.

Првиот извештај се однесува на периодот од 25 февруари до 3 март. Во набљудувањето се вклучени дневните весници: Дневник, Вечер, Утрински весник, Нова Македонија, Фокус, Коха и Лајм, радио станиците: Македонско радио 1, Канал 77, Македонско радио 2, ТВ станиците: МТВ1, МТВ 2(албански), Сител, Канал 5, Телма, Алфа, TВ 24, Алсат М и онлајн медиумите: Плус Инфо, Курир и Порталб.

Во набљудуваниот период опфатени се 257 текстови, а во квалитативната анализа се опфатени 83. Во извештајот се претставени само дел од најеклатантните и најкарактеристичните типови на прекршувања на професионалните стандарди.

Професорката Весна Шопар, истакна дека целта на истакнувањето на овие примери не е да им се изрече етичка санкција на редакциите на посочените медиуми, туку да ги поттикнат да размислат за негативната улога што може да ја имаат медиумите во дезинтеграцијата на општеството, било преку невнимателното или преку намерното известување кое поттикнува стереотипи, предрасуди, поделби и нетолеранција. Целта на проектот е да и помогне на професионалната новинарска заедница во обидот да се сочуваат етичките и професионалните принципи и вредности и угледот и достоинството на професијата.

Амбасадорите на Холандија и на ОБСЕ, Мариет Шурман и Ралф Брет укажаа на важноста и улогата на медиумите за време на изборната кампања посочувајќи на стандардите наспрема предизвиците.

Амбасадорот Брет рече дека независно покривање на изборуте позитивно ќе има позитивно влијание на извештаите за Македонија.

Панелисти на трибината беа новинарите Катерина Блажевска, Александар Чомовски и Сефер Тахири.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on