За седум дена ќе се знае дали ќе има зголемување на минималната плата

Од:

Во следните седум дена се очекува Економско-социјалниот совет да одржи седница на која ќе го разгледа предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на висината на минималната плата.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски очекува дека нема да има проблеми при дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година.

– Во договор со членовите на Економско-соцојалниот совет ќе ја закажеме седницата. На неа ќе се разгледа законското усогласување на минималната плата согласно податоците од Државниот завод за статистика. Економско-социјалниот совет има обврска да даде мислење за висината на минималната плата, а имајќи предвид дека во Советот има претставници од синдикатите и работодавачите очекувам дека нема да имаме проблеми во дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година, изјави Ристовски по денешната средба со Сојузот на здруженија на пензионери.

Минатата недела Сојузот на синдикати на Македонија побара итно свикување на Економско-социјалниот совет со цел да се утврди висината на минималната плата, имајќи го предвид зголемувањето на исплатената бруто-плата минатата година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Наставниците следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата

Горан Наумовски

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон, сакаме богати и среќни работници, порача Мицкоски

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on