САД подотвуваат за директни преговори со јеменските бунтовници Хути, објави весникот Волстрит џурнал.
Со преговорите Вашингтон ќе се обиде да стави крај на војната во Јемен во која загинаа илјадници лица. Американската иницијатива е одговор на зачестените напади на Хутите со ракети и дронови врз Саудиска Арабија.
„САД се обидуваат да ја поттикнат Саудиска Арабија да земе учество во тајни преговори во Оман со лидерите на Хутите за да се договори прекин на огнот во Јемен, објави весникот кој се повикува на извори.
Американскиот весник истакнува дека во Вашингтон се засилуваат стравувања дека Ријад нема сериозна намера да стави крај на конфликтот во Јемен. Во време на претседателот Барак Обама американски претставници остварија извесни контакти со Хутите во јуни 2015 година.