ИЕКА од своите 23 ресторани итно ги повлече сите колачи со бадеми, со оглед на тоа што анализите покажаа дека содржат голем број „колиформни“ бактерии.
Бактериите се пронајдени во две групи колачи, кои ги поминале интерните здравствени контроли, а подоцна било откриено дека се работи за контаминирани производи.
Колачите се повлечени од 23 земји, а уништени се вкупно 1.872 килограми.
Наводно истите не биле во продажба. Компанијата во соопштение нагласи дека не е најдена патогената бактерија Ешерихија коли, која е опасна за луѓе.
-Производото не беше во склоп со нашите строги стандарди за квалитетот на храната, па одлучивме да ги повлечеме од продажба – стои во соопштението.
„Би би бс“ потсети дека ова е втор пат во последно време ИКЕА да повлекува производи од свои ресторани.
Елена Георгиевска