Екстремниот спортист Ерик Ронер ја претвори бајката во реалност со својот последен подвиг. Тој се обиде наместо со падобран, од балон да се спушти на земја со голем зелен чадор, токму како славната Мери Попинс.
Ронер скокна од балонот и неколку секунди лебдеше над јужна Калифорнија, по што чадорот му се преврте под силниот притисок на ветрот.
– Присуствувате на научен експеримент. Тоа беше голем чекор за науката. НАСА ќе може да го искориси во иднина, се пошегува Ронер.
– Ова беше интересно! Ти благодарам на идејата Мери Попинс, рече тој.