Дипломатските и економските санкции кон Иран кои беа воведени со цел да му се попречи на Техеран да се здобие со нуклеарно оружје, не даваат резултат, изјави командантот на Централната команда на САД (Центком), генерал Џејмс Матис пред комисијата за вооружените сили на Сенатот на САД.
Според генерлот Иран се обидува да ги искористи преговорите за нуклеарната програма само за да се здобие со време.
– Тоа во никој случај не треба да значи дека ние не треба да се обидеме да преговараме. Но мене ми плаќаат, чесно кажано, да гледам скептично на Иранците, истакна Матис.
Во одговор на прашања на сенатори од комисијата, генералот истакнал дека армијата на САД е способна да го запре Иран да падне на колена. – Има неколку начини на кои тоа може да се случи, дури и без да дојде до отворен конфликт, рече тој.
Матис истакна дека Иран создава „засилувачка опасност од гледна точна на безбедноста со поддршката за режимот на Башар ал Асад во Сирија“. Тој додаде дека корпусот на Иранската револуционерна гарда „веќе учествува во борби во Сирија“.