Тимот на Оклахома Сити оствари нова победа во НБА лигата совалдувајќи го на домашен терен Лос Анџелес Лејкерс со што повторно им ги намали шансите на „езерџиите“ за пласман во плеј офот.
Најефикасен на натпреварот беше Расел Вестбрук со 37 поени и 10 скокови, додека Кевин Дјурант имаше 26 поени.
Кај поразениот тим Коби Брајант беше најпрецизен со 30 поени, а во ефикасноста потфрли Двајт Хауард со 6 поени, но сепак имаше 16 скокови.
Резултати на ноќешните НБА натпревари: Филаделфија – Бостон 101:109, Оклахома Сити – Лос Анџелес Лејкрес 122:105 и Сакраменто – Денвер 113:120.
Двојки за вечерва: Шарлот – Бруклин, Кливленд – Јута, Индијана – Бостон, Атланта – Филаделфија, Мајами – Орландо, Детроит – Њујорк, Мемфис – Портланд, Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс, Минесота – Вашингтон, Далас – Хјустон, Сан Антонио – Чикаго, Феникс – Торонто и Лос Анџелес Клиперс – Милвоки и Голден Стејт – Сакраменто.
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 47-14, Оклахома Сити 44-16, Лос Анџелес Клиперс 43-19, Мемфис 39-19, Денвер 40-22, Голден Стејт 34-27,…