Христијан Бузалковски викендов на „Гробник“ во Хрватска ја возеше петтата рунда од Европскиот Алпе Адриа шампионт. Македонскиот мотоциклист во конкуренција од 31 возач од целиот свет успеа да се пласира на 10. позиција.
Со оглед на тоа што Бузалковски дебитира во ова натпреварување, пласманот во Топ 10 може да се смета за одличен резултат.
– Стартувавме од 18. позиција, но уште од самиот старт успеавме да напредуваме. На крајот морав да се задоволам со 10. место, што е најдобар резултат за мене и за мојот тим, бидејќи во овој шампионат се натпреваруваат луѓе скоро од целиот свет: Италија, Финска, Чешка, Словачка, Франција, Германија, Австрија, Јужна Африка и многу други. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе успеам да имам уште подобар успех, изјави Бузалковски.