Обама побара од Конгресот одобрение за воведување „историски“ реформи во правилата за гласање во ММФ

Од:

Претседателот на САД Барак Обама побара од Конгресот одобрение за воведување „историски“ реформи во правилата за гласање во Меѓународниот монетарен фонд.

Реформите беа изгласани во 2010 година.

Главниот резултат од тоа ќе биде засилување на влијанието на држави како Кина врз работата на меѓународната финансиска институција.

Паралелно со прифаќањето на неопходните законски инструменти за реформи во ММФ, Министерството за финансии на САД побара да биде одобрено префрлање 65 милијарди долари од кризниот фонд на ММФ во квотата на САД. Тој чекор според западни медиуми, е неопходен за да се обезбеди финансирање на американската администрација до крајот на финансиската 2013 година.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии