Туск: Не преговарам за брегзит без договор

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека нема да соработува со Велика Британија за напуштање на Европската унија без договор, додавајќи дека се надева оти британскиот премиер Борис Џонсон не сака историјата да го запамети со прекарот „господин Без Договор“.

Туск изјави во Биариц дека е подготвен да ги слушне идеите на Џонсон за да се избегне брегзит без договор.

-Една работа за која нема да соработувам е (излегување) без договор. Се уште се надевам дека премиерот Џонсон не сака историјата да го запомни како „господин Без Договор”. Ние сме подготвени да слушнеме идеи што се реални и прифатливи за сите земји-членки, вклучително и Република Ирска, ако и кога владата на Велика Британија е подготвена да ги предложи, рече Туск.

Брегзит ќе биде една од темите за кои дискутираат лидерите на самитот на Г7 и на кој ќе присуствува Туск.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он