А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров за „Рекет“: Ако не ми се извинат првпат во животот ќе тужам

by А1он24/08/2019 - 14:2124/08/2019 - 14:40530
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска негира негова наводна вмешаност во случајот „Рекет“, и побара од „Република“ да ја повлече како што вели „ноторната лага“, во спротивно ќе поднесе тужба.

Добивај вести на вибер

МНР ја пренесува реакцијата на Димитров, која тој ја објави и на неговиот Фејсбук профил.

– Барам веднаш „Република“ да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот „Рекет“ и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре. Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска. Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно – луѓе подготвени до последно да се борат за правда, вели Димитров во демантот.

Тој истакна оти очекува и пропаганда и нечесна битка, но, како што вели неговиот одговор секогаш ќе биде достоинствен.

– Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги. Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков – да се преброиме. Време е, истакнува Димитров во демантот.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен