Социјалдемократите и здружената опозиција денеска во Охрид ќе го промовираат актуелниот градоначалник на македонскиот туристички бисер, Александар Петрески кој по трет пат се кандидираше за оваа престижна функција.
Митингот на опозицијата започнува во 20 часот. Според агендата, на митингот ќе говори пратеникот Митре Вељановски, претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, кандидатот за градоначалник на Охрид, Александар Петрески и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.