Топи ги обвини Бериша и Рама дека ја втурнале Албанија во хаос

Од:

Партијата Нов демократски дух (ФРД) на поранешниот албански претседател Бамир Топи денеска ги презентираше главните приоритети на политичката програма.

Како што јави дописникот на МИА, промовирајќи го изборното мото „Крај на транзицијата за државата и граѓаните“, Топи изјави пред подржувачите на ФРД дека тоа е партија на „надежта за Албанците“.

Топи ги обвини двете најголеми политички партии во Албанија и нивните лидери, Сали Бериша и Еди Рама, дека ја довеле земјата во ќорсокак. Доволни беа 22 години експерименти, конфликти, авантуристички политики, узурпирање на институциите, пазарење со гласовите и оставање на Албанија надвор од ЕУ, нагласи Топи.

– Овие две личности заедно ги втурнаа Албанија и Албанците во институционален хаос. Овие две личности со меѓусебен таен договор реализиран преку ноќ ја загрозуваат независноста на институциите во Албанија. Овие две личности созадоа услови за себе – едниот да доминира со вкупната власт, а другиот да биде на чело на опозицијата, изјави Топи.

Педесет и шестгодишниот Топи, пред да биде избран за шеф на албанската држава беше втор човек на Демократската партија на Сали Бериша. Тој беше шеф на државата од 24 јули 2007 до 24 јули 2012, но поради недоразбирањата со Бериша и свесен дека нема да има подршка во Парламентот, не се кандидираше за уште еден претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски