Јапонец починал бидејќи 35 пати го одбиле од болница

Од:

Седумдесет и петгодишен Јапонец починал во јануари бидејќи дури 25 болници во рок од два часа, триесет и шест пати одбиле да го примат, наведувајќи дека немаат кревет или лекар.

Човекот живеел во еден мал град, северно од Токио и повикал брза помош, затоа што почувствувал дека има проблем со дишењето.

Болничарите кои што пристигнале никако не можеле да пронајдат болница која што ќе го прими болниот човек.

На крајот одлучиле да го однесат во една болница одалечена 20 минути, но човекот бргу по пристигнувањето починал. Причината за смртта се уште не е откриена.

По немилиот настан властите на градот Кукија апелираа локалните болници да ги зголемат своите капацитети.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови