Нурсултан Назарбаев, првиот претседател на Казахстан и претседател на партијата Нур Отан оцени дека е неопходно земјата да воведе построги казни за клевета.
Според него, сите мали локални проблеми се преувеличуваат во државни рамки, поради што побара партијата да иницира закон за заострување на казните за клевета.
– Партиските медиуми треба да станат извор на објективна, навремена информација, да влеваат доверба кај луѓето, за тие да реагираат со разум, а не да стравуваат. Треба да сме проактивни, треба активно да влеземе во трката со Интернет и социјалните мрежи, истакна Назарбаев.
Во Казахстан во моментов максимална казна за клевета е затвор во траење до три години.