Американскиот државен секретар Мајк Помпео призна денеска дека Исламската држава регрутира сили во некои реони, но додаде дека капацитетот на таа терористичка организација да изврши напад е намалена до голем степен.
– Комплексно е. На некои места ИД е помоќна денес отколку пред три или четири години, изјави Помпео за Си-Би-Ес.
Тој тврди дека самопрогласениот калифат исчезнал и можностите за извршување напади се многу тешки.
Коменатрот беше даден по повод напис во „Њујотк тајмс“ дека исламистичката група добива нови сили во Ирак и во Сирија. Во декември лани американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е победена ИД во Сирија и дека за нивните армиски сили таму веќе нема потреба.