Поради оштетување покрај забраната за движење на тешки возила дадена синоќа се ограничува и брзината на движење на патничките моторни возила на мостот на Вардар кај селото Пепелиште на патот Неготино – Штип.
Полицијата денеска испратија соопштение до граѓаните дека моторните возила треба да се движат по овој мост со брзина од 20 километри на час.
На патот веќе има поставено сообраќајни знаци, но и покрај тоа полицајци ја минаа вечерта на терен, а и денеска се присутни таму за да им укажуваат на патниците.
– На мостот Неготино – Пепелиште се јавуваат видливи деформации на петтиот ред столбови. Има вертикален угип и бочно извиткување, е ставот на стручните служби од општина Неготино кои денес беа на терен.
Во текот на денот се очекуваат и други стручни служби кои треба да дадат конкретни препораки за санација на мостот.