ХРВ и АИ апелираат Саудиска Арабија да не погуби седум момчиња

Од:

Невладините организации „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) и „Амнести интернешенел“ (АИ) апелираа до саудиските власти денеска да не бидат  извршени смртните пресуди над седуммината момчиња осудени за злосторства направени додека биле малолетни.

Седуммината Саудијци осудени за вооружен грабеж, злосторство за кое во Саудиска Арабија, стриктно се применува шеријатскиот закон односно смртна казна.

– Сите седуммина имале меѓу 16 и 20 години во 2006 година кога се уапсени поради тоа што во 2005 наводно извршиле грабеж. Но, постојат силни докази дека во судските постапки против сите нив прекршени се основните принципи на правото на фер судење. Крајно време е Саудците да престанат со погубување на малолетници и да почнат да ги почитуваат обврските кон меѓународниот закон за човекови права, се наведува во соопштението на ХРВ.

Заменик-директорот на ХРВ за Блискиот Исток Ерик Голдстин изјави дека „ќе биде страшно ако саудиските власти ги извршат овие смртни казни“.

АИ истакнува дека седумте момчиња биле „мачени и присилени да признаат“ и осудени се по „краткото и во голема мера нефер судење“.

Саудиските власти од почетокот на годината извршија 17 смртни казни.  ми/9:59

Во согласност со саудискиот закон смртна казна следува за силување, за убиство, за напуштање на верата, за вооружен грабеж и трговија со дрога.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ