Водоинсталатери и мајстори за грејни и разладни уреди се најбараните професии во Германија и ниту за едно друго занимање не треба толку време за пополнување на слободните работни места, покажува анализата спроведена од Федералната агенција за вработување.
Речиси две третини од сите слободни работни места во оваа бранша не се пополнети во просек по 200 дена, а по нив следуваат негователи на стари лица – со 199 дена.
Во анализираниот збир на занимања постојат повеќе од 472.000 слободни работни места, од кои само во производствените професии се 63.000, вклучувајќи индустриска и прецизна механика. По нив следуваат здравствените професии со 61.000 понуди за работа.