САД се со став дека голем број амбасадори во ОН имаат проблем со пиењето, јавуваат американски медиуми.
Амбасадорот Џозеф Торсела кој ја претставува САД во буџетска комисија на ОН изјави синоќа дека и без тоа тешкиот процес на преговори за годишниот буџет на светската организација се усложнува од фактот дека некои дипломати доаѓаат на седници во пијана состојба.
Буџетот на ОН се финализира во декември.
Западни медиуми цитираат дипломати кои учествувале во седници на таа комисија според кои не е реткост да се видат делегати со знаци „дека се под големо количество алкохол“.
Торсела изјави дека САД предлагаат во иднина салите за преговори да бидат „зони без алкохол (пијанство)“ и да се наздравува по веќе успешно завршена работа.