Аргентинскиот претседател Маурисио Макри изјави дека ќе ги зголеми социјалните додатоци и ќе го намали данокот на платите на работниците во рамки на пакетот мерки што имаат за цел намалување на екононмската криза во земјата.
Британските медиуми пренесуваат дека десничарско центристичкиот лидер во неделата му нанесе сериозен пораз на примарните избори на перонистичкиот предизвикувач, Алберто Фернандес.
Во говорот што беше пренесуван на телевизија Макри кажа дека има волја да се сретне со лидерите на опозицијата во пресрет на општите избори во октомври, на кои очекува да го добие вториот претседателски мандат.
Цената на бензините во земјата ќе биде замрзната во следните 90 дена, како дел од мерките што ги најави претседателот.
Тој, исто така, кажа дека е свесен за финанскиот стрес што ги мачи семејствата во Аргентина додека се натпреваруваат со рецесијата и инфлацијата од 55 отсто.
-Знам дека многу семејства ја намалија потрошувачката толку многу што веќе не знаат од каде што да намалуваат, рече Макри.