(ВИДЕО) Заев: Струмица знае, ќе победи со 10 илјади разлика

Од:

„Вие и Струмица сте причината зошто јас сум горд политичар. Струмица е местото каде што ќе има најголема победа за Сојузот за иднината. Девет до десет илјади гласови ќе победиме, запаметете ми го зборот“, ова вечерва на своите струмичани им го вети актуелниот и кандидатот за градоначалник на општина Струмица за трет мандат, Зоран Заев.

Тој на вечерашниот прв митинг на Сојузот за иднината зборуваше и се гордееше заедно со своите сограѓани на реализираните 2.300 проекти во изминатите осум години, а кои ја направија Струмица да остане прва, да остане најдобра, да остане единица мерка со која се мери успехот во Македонија.

Осум години ја водам Струмица исправени пред оваа дрска власт со сите подли работи во последните 7 години. Сите по добро ја зборуваат Струмица. Денес сме и први и најдобри и затоа секој мора да знае – Струмица се сака со засукани ракави, со труд и со дела. А дела имате насекаде околу вас. Влегувам на политички мегдан со тројца противкандидати. Јас не им го знам ниту името на другите двајца, нека ми простат луѓето, но знам дека сите тројца се како „три во едно“, рече Заев.

За во третиот сигурен мандат, Заев вети дека ќе одржи нова лекција за економски менаџмент за силен економски развој и растеж. Вети 3 нови индустриски области, 30 нови фабрики и 3.000 нови работни места, гасификација на струмичкото поле, подземна сообраќајница, модерно панорамско поврзување на градот со ридовите над него, ново турско маало, 3 нови детски градинки во селата, нови булевари и уште многу други проекти со кои Струмица ќе испише историја која ќе се памети и за која ќе се зборува со генерации во иднина.

Затоа, зборувајте ја само вистината за мене, ни повеќе ни помалку, тоа е сосема доволно. Тоа е доволно за голема победа, победа за Струмица, најголема во Македонија, рече Заев вечерва на полниот плоштад во Струмица.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник