Црвенковски од Струмица: Предвремени парламентарни избори ќе има

Од:

На митингот во Струмица претседателот на СДСМ Бранко Цвренковски рече дека во изминативе три дена, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја отворија пандорината кутија со искривеното толкување на договорот постигнат во петокот и зад кој како гарантор застана Евроспката Унија.

Народот има право да ја знае целата вистина, а таа е дека со тој договор политичката криза во Македонија не се решава, со документот се утврдува план и динамика за постепено решавање на кризата. Во текстот предверемени парламентарни избори не се спомнува, зашто Груевски ем се молеше, ем се инаетеше да нема таков термин да не му се растури митот пред неговите.

Според тој план на паритетна основа треба да се формира Анкетна комисија. Ако оваа комисија констатира прекршување на Уставот, законот и деловникот, она што сите со свои очи го видовме, со преговори треба да се одреди датумот на предвремени парламентарни избори. Иначе за што друго би преговарале? Датумот за тие избори мора да биде познат најдоцна до 1 ви септември оваа година.

Секој ќе праша зашто не сега, туку во септември?

Затоа што Никола Груевски зел обврска, давал уверувања пред меѓународната заедница и тоа многу порано, дека до јуни ќе направи се да го реши спорот со Грција и Македонија да добие датум за почеток на преговорите. Ете тоа е причината зашто го прекинавме бојкотот.

Ако уште еднаш Груевски се реши да не почитува договор, нека не се лаже самиот себи си, нека не се надева дека ќе го избегне соочувањето со народот. Тогаш, заради народната воља, заради иднината на нашата Македонија, Господ Бог нема да го спаси од предвремени парламентарни избори. Нека шири колку сака едни лаги пред странците, други, дома, предвремени парламентарни избори во Македонија ќе има. Груевски и фамилијата ќе бидат поразени и засекогаш испратени пред срамната историја на Македонија, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник