Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, ЛеБрон Џејмс ќе мора да оди на прегледи на левото колено кое го повреди вчера вечер во дуелот против Њу Јорк Никс.
Џејмс на средината од третата четвртина незгодно се приземји после обидот за забивање. Сепак тој продолжи со игра и го предводеше Мајами до победа (99:93) со 29 поени, 11 скокови и седум асистенции.
„Загрижен сум. Успеав да го завршам натпреварот, но секогаш работите се полоши утрото. Сега играме против Минесота и верувам дека ќе бидам во комбинација за игра, но сепак ќе морам да одам на прегледи“ – изјави Џејмс.