Во Ирак убиени 42 сириски и седум ирачки војници

Од:

Група вооружени луѓе нападнаа од заседа конвој со сириски војници, кои во Ирак побегнаа од конфликтот во соседна Сирија во текот на викендот и убија 42 сиријци и седум Ирачани, соопштија официјални лица од безбедноста.

Потполковникот на ирачките погранични сили Мохамед Калаф ал-Дулаими изјави дека сириските војници во саботата ја преминале границата со Ирак кај преминот Јарубиех, сцена на жестоки борби меѓу бунтовниците и силите лојални на претседателот Башар ал-Асад.

Сириските војници, кои ирачките власти ги транспортираа од провинцијата Нинива во Багдад, денеска беа на пат кон границата на западниот дел на Ирак, каде што требаше да бидат предадени на сириските власти, јави агенцијата Франс прес.

Вооружени напаѓачи го пресретнале конвојот и отвориле оган со минофрлачи и автоматско оружје, фрлајќи гранати, при што уништиле три возила.

Покрај тоа, во Ирак денеска загинаа уште пет луѓе во северниот град Мосул, каде што бомбаш-самоубиец детонирал автомобил полн со експлозив при нападот на една полициска зграда.

Иако интензитетот на насилствата во Ирак значително се намали во последниве неколку години, нападите во оваа земја се извршуваат речиси секојдневно.

Според податоците на француската агенција, во нападите во Ирак во минатиот месец загинале 220 луѓе.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак