Чавкоски тврди дека законски добил концесија на Охридско Езеро

Од:

Милорад Чавкоски, старо – новиот концесионер на Охридско езеро испрати известување – демант по објавата на текстовите со наслови „Охридски дубари: Со различни фирми, исти газди незаконски добија концесија за Охридско Езеро“ и „Сведоштва на рибари: Ловевме шест тони риба, се заведуваат само два, остатокот завршуваше кај концесионерот“ објавени на „А1он“. Во двете истражувања има прецизно пренесени ставови на концесионерот Чавкоски кои тој во известувањето – демант ги повторува.

Реакцијата на Чавкоски ја пренесуваме интегрално.

„Во изминатиов период во некои наши медиуми беа пласирани написи и прилози за постапката за избор на концесионер на Охридското езеро, во кои беа изнесени многу невистини и шпекулации во врска со истата.

Поради тоа, се наоѓаме повикани да го кажеме следново:

Имено по претходно отворениот Јавен повик за доделување Концесија за вршење на стопански риболов на Охридското езеро, на 24.12.2018 се одржа јавно отворање на пристигнатите понуди, при што од страна на комисијата- формирана од МЗШВ беа отворени, прочитани и јавно презентирани сите придружни документи на понудите во присуство на овластените претставници на сите понудувачи без исклучок. После истекот на рокот за жалби и постапување и решавање на истите се одржа аукција која беше успешно завршена и резултираше со избор на концесионер на 29.01.2019 .

Според тоа постапката беше спроведена максимално транспарентно , со целосно и беспрекорно почитување на сите норми и законски рокови, па оттаму произлегува и фактот дека претходно изнесените тврдења во некои од медиумите, дека имало пропусти во постапката се небулозни и шпекулативни.

Напоменуваме дека и во минатото имаше еден подолг речиси децениски период кога под превезот-заштита на рибниот фонд не се доделуваше концесија, но наместо посакуваниот ефект-заштита и зголемување на рибниот фонд, отсуството на чуварска служба од концесионер придонесе за зголемување на рибокрадството и пустошење на рибниот фонд.

Имајќи ја во предвид сличноста на претходно опишаната состојба со денешната, се поставува прашањето КОМУ му одговара, вештачки создадениот вакум во заштитата на езерото.

 Посебно во однос на изнесените тврдења во прилогот на А1 on,сметаме дека

истите се тенденциозни и спротивни на реалната состојба од следниве причини:

 

1.Не е точно дека сме продолжиле со лов по одземањето на концесијата.Со одземањето

на концесијата,а по добивањето на известувањето од министерството за земјоделство

ние како фирма Пастрмка 2012 дооел прекинавме со лов на било каков вид на риба,а

дали некој ловел по одземањето на концесијата ве упатуваме да се обратите до

Државниот испекторат за земјоделство.Во однос на потврдите, кои се споменуваат во

прилогот,истите може да ги испечати било кој и со нив да го прикрива рибокрадството

кое го врши,зашто на приложените потврди нема ниту печат ,ниту потпис од нас.

 

2.Надлежноста за вршење на вештачкиот мрест ја имаше Хидробиолошкиот завод-Охрид

и институтот за сточарство-Скопје,согласно дозволата за лов добиена од МЗШВ,а под

контрола на Државниот испекторат за земјоделство.Вештачкиот мрест се изведуваше

секогаш во нивно присуство и под нивниот надзор.

 

3.Рибарите секогаш беа исплаќани согласно претходно склучениот договор за работа.

Што се однесува до пријавувањето на два часа дневно тоа е во согласност со законот

за работни односи.Ако некој од рибарите не бил задоволен со тие услови можел за тоа

да не извести и во било кое време да го раскине договорот.

 

4.Со работа (риболов согласно добиената концесија)се почнува откако ќе се одобри

Годишниот план и ќе се потпише договор со МЗШВ.

 

5.Во однос на  пријавувањето на ловот, тоа е во согласност со законот за

рибарство,односно електронско пријавување на лов на дневна основа,што беше

повеќекратно контролирано и проверувано од страна на надлежните инспекциски

служби во текот на целото времетраење на концесијата.

 

6.Во врска со бројот на вработени рибочувари и потребен персонал за добивање на

концесијата, истото документирано го докажавме пред комисијата која ја водеше

постапката и која е единствено надлежна за утврдување на компетентноста и

способноста на избраниот концесионер“ стои во известувањето – демант потпишано од Милорад Чавкоски од „Летница-Белвица Милорад“ ДООЕЛ увоз – извоз Струга.

 

Би можело да ве интересира

По низа скандали и кражба на риба, државата ја одзема концесијата за Охридското Езеро

Вработените што треба да го штитат охридскиот крап, фатени како го крадат со мрежа

Охридски дубари: Жалба за концесијата на Охридско Езеро одбиена како неплатена, иако има докази дека е платена

(ВИДЕО) Сведоштва на рибари: Ловевме шест тони риба, се заведуваа само два, остатокот завршуваше кај концесионерот

Охридски дубари: Со различни фирми, исти газди незаконски добија концесија за Охридско Езеро