Индија: Најмалку 184 загинати и околу милион луѓе префрлени во кампови поради поплави

Од:

Индиските власти во изминатите неколку денови префрлија околу еден милион луѓе во кампови за итни случаи, додека бројот на загинати од поплавите од монсуните се искачи денеска на најмалку 184.

Јужната држава Керала, туристички рај познат по своите плажи е најтешко погодениот регион веќе втора година по ред, принудувајќи и затворање на меѓународниот аеродром Кочи за три дена минатата недела.

-Најмалку 76 лица загинаа, 58 се водат како исчезнати, а други 32 се здобиле со повреди, рече Памод Кумар, портпарол на полицијата во Керала.

Околу 288.000 луѓе низ најтешко погодените области во државата, вклучувајќи ги Вајанад, Малапурам и Кожикоде, се преместени во кампови за помош.

Најмалку 42 лица ги загубија животите и во соседната држава Карнатака, во која има најтешки поплави во изминатите години.

-Евакуиравме над 580,000 луѓе, изјави висок претставник на владата во Карнатака.

Многу клучни автопати и патишта низ погодените региони се оштетени.

Локалните служби за вонредни состојби и војниците од армијата, морнарицата и воздушните сили се распоредени за операции за пребарување, спасување и помош.

Индиските медиуми, исто така, објавија за 66 смртни случаи во западните држави Махараштра и Гуџарат, при што десетици илјади луѓе се префрлени во кампови за помош.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите