Бесплатната телефонска линија за повреда на избирачкото право

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска почна да функционира бесплатната телефонска линија на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Бројот на којшто граѓаните можат да ги пријават неправилностите во предизборниот период и на денот на гласањето е: 0800 54321.

Телефонската линија е финансирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ќе функционира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Истовремено, потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.
Имајќи ја предвид важноста на избирачкото право, Народниот правобранител Иџет Мемети ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека им е повредено ова право истото веднаш да го пријави.

Би можело да ве интересира

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа