Во моментов има 219 шумски пожари во Русија на површина од 228.840 хектари, а службите за итни случаи и пожарникарите успејаа да изгаснат 41 во последните 24 часа на површина од 23.000 хектари, соопшти Службата за заштита на шумите од воздух.
Најголем број пожари се регистрирани во Краснојарск, на површина од 92.215 хектари, во Иркутск на 128.482 хектари и во Хабаровск 1.397 хектари.
Во гаснењето се вклучени 4.015 лица и 59 авиони.
Вонредна состојба поради пожари е прогласена во Иркутск, Јакутија и Краснојарск, како и во две области во Бурјатија, пренесува ТАСС.