Лесен летен оброк.
Состојки:
7 бабури
600 гр сирење
200 гр шунка
2 домати
2 јајца
масло
сол
Подготовка:
Исчистете ги пиперките од семки. Шунката исецкајте ја на ситни коцки и добро помешајте со сирењето и со двете изматени јајца.
Наполнете ги пиперките со смесата, а потоа исечете го доматот на кругови за да ги затворите пиперките.
Наредете ги пиперките во тава за печење и печете на 200 степени додека пиперките не заруменат.