Програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ содржат издржани проекти. Тие се прецизно разработени, со средства и рокови, бидејќи партијата сака да се осигура дека тие се возможни и реални.
Ова го истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната пре-конференција во партиското седиште.
Зад секој проект, истакна, во програмите стојат кандидатите за градоначалници, но и ВМРО-ДПМНЕ како партија, бидејќи ова за нас не е само парче хартија, ова е обврска која ја земаме потпирајќи се на нашиот кредибилитет и принципиелност.
Тој потенцира дека изработката на програмата е сериозна и долготрајна програма и оти на нив е работено повеќе месеци, бидејќи, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ максимално одговорно се посветува кон ветувањата што ги даваме пред граѓаните.
Во секоја програма опфатени се сегменти од секојдневното живеење на граѓаните, врз основа на нивните реални потреби. Според Ставрески, тие се изработени сериозно и професионално, со учество на самите кандидати за градоначалници, граѓаните од соодветната општина, централната власт, експерти.
Програмите што ги доставија кандидатите подоцна се надградени со проекти од општинските комитети на партијата, а како што истакна Ставрески, голема улога во надградувањето има и акцијата спроведена низ цела Македонија за собирање нови идеи од граѓаните кои станаа дел од програмата.
– Можеме да ви гарантираме дека токму тие идеи најмногу ни помогнаа да ги составиме овие програми и да излеземе во пресрет на сите граѓани во сите општини, истакна членот на ИК Зоран Ставрески.
Тој додаде дека ова се локални избори каде партиите треба да се соочуваат со конкретни проекти кои нудат подобар живот за граѓаните и оти, за жал, денес пред граѓаните освен од ВМРО-ДПМНЕ, друга партија се уште нема излезено со програми за своите кандидати со кои ќе покажат дека мислат на граѓаните на Република Македонија.
– Тоа не прави различни. Тоа ги прави нашите програми и проекти реални, додека СДСМ остана само со голи политички фрази, без сериозен пристап кон програмите, а со тоа и кон граѓаните, рече министерот Ставрески и додаде дека без разлика на пасивноста на СДСМ и останатите партии ќе продолжиат со оваа пракса бидејќи на неколку изборни циклуси граѓаните потврдија дека ова е вистинскиот начин кој граѓаните го поддржуваат.