Јанакиески: Нудиме програми за забрзување на локалниот економски развој

Од:

Подобрување на урбанистичките и инфраструктурните услови за сите граѓани во општините во Република Македонија и забрзување на локалниот економски развој имаат за цел активностите и мерките предвидени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во програмите на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори значаен акцент е даден на изградбата на инфраструктурата, обезбедување поголем и подобар комунален ред, довршување на процесот за легализација на дивоградбите, како и подобро стопанисување со државното градежно земјиште кои со измените на законите е под надлежност и стопанисување на единиците на локалната самоуправа, истакна на денешната прес-конференција министерот за транспорт и врски и член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески.

Тие, истакна тој, ќе обезбедат силен поттик за развој на општините, а нивниот развој несомнено ќе биде значајна поткрепа на вкупниот економски напредок и подобар и подостоинствен живот на сите граѓани.

– Изминативе четири години во општините каде што локалната власт беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бевме сведоци на изградба и реконструкција на повеќе стотици улици и локални патишта, како никојпат досега во Македонија, а ве уверувам дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина. Многу од проектите во овие програми се токму тоа, со точни имиња на улиците и локални патишта низ градовите и населените места, со прецизна сума и прецизни рокови за реализација, истакна Јанакиески.

Со владина поддршка, додаде, ќе продолжат и проектите за реконструкција и изградба на водоводните и канализациски мрежи во населените места ширум Македонија, за што средства обезбеди Владата на Република Македонија, а реализацијата е во нејзина и во надлежност на локалните самоуправи и Владата.

– Исто така во програмите на кандидатите за градоначалници се предвидува и голем број други проекти, како изградба на паркови, детски и спортски игралишта, училишта, забавни паркови, рече Јанакиески и додаде дека во значаен дел од програмите кандидатите се обврзуваат на набавка на нови возила за одржување на комуналниот ред.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар