Во Јапонија се одбележуваат 74 години од нуклеарниот напад во Нагасаки

Од:

Јапонија ја одбележува 74-та годишнина од нуклеарниот напад кој го изведе САД на нагасаки, а кој се случи три дена откако беше фрлена атомска бомба врз Хирошима.

Секоја година, властите и граѓаните се собираат во Паркот на мирот во Нагасаки, каде во 11.02 часот, кога беше фрлена атомската бомба, се огласуваат ѕвоната и потоа со минута молчење се оддава почит на повеќе од 70 илјади загинати.

Тоа била втора атомска бомба фрлена на Јапонија. Бомбата имала сила од 22 килотони ТНТ и била имплозиона плутониоумова бомба. Мета на нападот бил Кокура, но затоа што било облачно, земена е втората мета од листата, а тоа бил градот Нагасаки. Иако бомбата била помоќна од онаа на Хирошима, поради планинскиот терен, разорувањето било многу помало од онаа во Хирошима.

Американскиот бомбардер Б-29 испушти бомба наречена „Дебел човек“. Бомбата тешка околу 4,5 тони падна од висина од 9.600 метри и експлодираше по 30 секунди на 500 метри над тениско игралиште. Облакот „печурка“, што се формираше по експлозијата достигна надморска височина од 16.000 метри. Уништени се 70 проценти од градот, а 20 минути подоцна почна да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички.

До 2016, ниту еден американски претседател ги немаше посетено Хирошима и Нагасаки. Прв што тоа го направи беше Барак Обама, но ниту тој не се извини, туку изрази надеж дека ужасите од Хирошима и Нагасаки ќе доведат до „морално будење“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови