Трајановски: Панаромско тркало, трамвај, фекална мрежа на Партизанска

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски ја започна кампањата со претставување на реализираните проекти во изминативе четири години и ги повика граѓаните да излезат на изборите и да му дадат масовна поддршка. Тој побара поддршка и да се гласа за Советот на Град Скопје, бидејќи како што рече стои зад неговата програма.

Трајановски рече дека се што било ветено во 2009. година било остварено, и нагласи дека она што е предвидено во четиригодишната програма ќе се оствари.

Трајановски во неговата програма најавува изградба фекална мрежа на Партизански одреди, зелен бран на сообраќајниците, ски патека на Водно, изградба на трамвај, нов сервис за миење на автобусите, формирање дирекција за јавен превоз, изработка на стратегиска карта за бучава, спроведување регистер на домашни миленичиња, фестивал на цвеќето, воведување зелен катастар во Скопје, бележење пешачки патеки на Водно, привлекување домашни и странски туристи, изградба на нов автопазар, панорамско тркало, реконструкција на фасади,снабдување со вода на Железара и Автокоманда, проектирање и изведба на фекални канализации во населените места.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука