ВМРО-НП: ДПМНЕ веќе не може да го сокрие своето лицемерие

Од:

На 23.02.2013 година, Антонио Милошоски беше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПМНЕ. Меѓу другото, тој нагласи и ги повика сите стружани да гласаат за него за да се стопира осумгодишното назадување на Струга и да гласаат за ДПМНЕ за да се веело македонското знаме во Струга.

Господине Милошоски, вашиот лик крие огромно лицемерие и дволичност. Дали заборавивте дека од тие осум години назадување на Струга, вие и ДПМНЕ заедно со ДУИ сте локална власт. Вие и ДПМНЕ цели седум години ја имате и централната власт во државата, а не успеавте да поставите македонско знаме во Струга, велат од Народна партија.

Исто така, велат, претседателот на ДПМНЕ, Никола Груевски, на 02.03.2013 година на официјалната промоција, во партискиот говор повика опозицијата да не излезе со свој кандидат во Струга и да го поддржи кандидатот на ДПМНЕ. Господине Груевски, пред точно четири години, членовите и симпатизерите на вашата партија во Струга масовно гласаа за актуелниот градоначалник Мерко и настрана од тоа, сите вие ги затворивте очите пред полнењето на избирачките кутии и изборниот фалсификат и го поставивте за градоначалник.

Ете тоа е, почитувани граѓани, лицемерието кое го кријат челниците на ДПМНЕ. Седум години манипулираат со јавноста, преку маркетингшки трикови кои скапо ги плаќаат на приватни агенции, со пари од граѓаните. Но, дојде време кога веќе своите лаги не можат да ги сокријат од сите нас. Заедно сите, да ги казнеме на 24 март на локалните избори, а потоа, што поскоро и на предвремените праламентарни и да ги испратиме во историјата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник