Полицајци во Тексас водат Афроамериканец врзан со јаже низ градот

Од:

На социјалните мрежи кружат фотографии од двајца полицајци во Тексас како водат Афроамериканец врзан со јаже по улица.

Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстон. Наместо лисици, го врзале 40 годишниот маж со јаже и го повеле со себе.

Актот предизвика револт, посебно помеѓу Афроамериканците на социјалните мрежи кои споменуваат дека таа сцена ги потсетува на периодот на ропство од 19от век.

По инцидентот шефот на локалната полиција се извини и наведе дека таквото приведување претставува „непотребно срамотење“.

„Верувам дека нашите полицајци лошо ја процениле ситуацијата во овој случај и дека можеле да почекаат друга единица со автомобил.“, наведе тој и додаде дека полицајците немале лоша намера.

Приведениот маж подоцна е ослободен со кауција.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас