Индиската полиција уапси едно лице кое е осомничено дека е главниот организатор на пакистанските екстремисти, кои пред четири години извршија напад во Мумбај, во кој беа убиени 166 лица.
Индиските медиуми објавија дека Сајед Забиудин е осомничен дека обучувал вооружени лица и извршувал наредби за време на тридневните престрелки. Тој бил уапсен на меѓународниот ародром во Њу Делхи пред четири дена.
Забиудин е Индиец и е познат под името Абу Хамза. Според властите тој е член на исламистичката група Лашкар-е-Тауба, чие седиште е во Пакистан.
Индиските власти соопштија дека дознале за осомничениот за време на сослушувањата на единствениот пакистански екстремист кој го преживеа нападот во 2008 година.