Десет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во најновите поплави што го зафатија централниот дел на Кина.
Според локалните медиуми, поради поројните дождови, кои предизвикале поплави во провинцијата Хубеи, биле заробени и туристи.
Најмалку 61 лице е спасено, а во тек е потрага по исчезнатите.