ФОТО+ВИДЕО: Хакиран сајтот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

anonimni-vmro11.jpg
Анонимни го хакираа сајтот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„1 Март 18:00 помина

После долги 48 часа размислување, многу мотиви ЗА и многу ПРОТИВ,
решивме да го направиме најтешкиот чекор,
а тоа е ПРВИОТ чекор.

Сега… Сега за жал враќање нема, ни преостанува само борба и само борба до конечна одбрана на Македонија од секој внатрешен и надворешен непријател. Дпмне ги премина сите граници, командант на УЧК за министер на одбрана, Македонското знаме да се гази и пали среде Скопје, да се ивикуваат радикални муслимански пароли додека се тепа полицијата и се палат автобуси. А таа истата, полиција, да добива наредби за повлекување исто како во 2001та. Зошто? за соживот? Зарем е соживот “Шиприја Етнике” “Славо Македонци” “Каури” “УЧК” “тука е Илирида”…

Раководството на ДПМНЕ работи против Македонија. Тоа за жал е нашиот заклучок. Една од најтешките одлуки во нашиот живот. Да се свртиме против партијата со која пораснаве, за која се колневме и крваревме, бевме тепани исвиркувани и понижувани, но за нас беше гордост да се каже “припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ”. А денес, денес на сите ни е јасно како стојат работите. Доколку грешиме Господ нека не казни, ние Македонија нема да ја дадеме, а ни продадеме.

1202golema

Нашиот животен век е само еден миг во долгата и крвава Македонска историја. Не дозволувајте вашиот да биде запишан како предавнички, кукавички и среброљубив. Точно е дека живееме во модерниот 21 век, но ке дојде и 22, па 23… во тоа идно време вашите поколенија ќе учат за ВАС, не дозволувајте вашите деца да се срамат од Вашите постапки. Ги повикуваме сите чесни Македонци, без разлика дали се од ДПМНЕ или СДСМ, од Бедем или Достоинство, од Лавовите, МОС, МНГ, МОРА, од Тигрите, Волците, Алфите и сл. да се придружат и да опстојат на Заклетвата што ја дале кога биле дел од одбрамбениот систем на Македонија.

За крај, не ни лепете етикети, дека сме од лево или десно, од север или југ, зарем е толку тешко да се свати дека ние сме само обични Македонци, луѓе кои израснале со песната “Нашата мила Македонија не одгаила за да ја БРАНИМЕ”, велат во писменото соопштение, Анонимни.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме