А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Варвициотис: Атина ќе го следи секој чекор на Скопје

by А1он04/08/2019 - 13:59294
Share0

Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека е во рамките што сме ги поставиле, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за неделното издание на весникот „Етнос“, jави дописничката на МИА од Атина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одговарајќи на прашање за европската перспектива на земјите од регионот, Варвициотис објаснува дека потребно е да се исполнат критериумите.

-Грчката влада има цврст и позитивен став кон перспективата за проширување на Унијата кон поширокиот регион со земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, за нивна интеграција, сметаме дека е неопходно почитување на принципите на владеењето на правото и секако градењето на добрососедски односи. Ова значи усогласеност со воведените уставни измени и напуштање на било кој елемент на иредентизам. Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека се наоѓа во рамките што сме ги поставиле, вели Варвициотис.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за „Етнос“ ги споменува и трговските ознаки за производите, вели дека освен билатералниот институционален дијалог и меѓународната комисија на експерти, грчката Влада одбра дополнителна политичка и технократска димензија.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Од една страна, ги поставивме основите за спроведување на колку е можно пошироки активности за промовирање на „брендот“ на македонските производи, а од друга страна, целиот овој сплет ќе помине во Европската Унија, со главен критериум за европската интегративна перспектива на соседната земја, објаснува Варвициотис.

grcijamakedonija

Би можело да ве интересира

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он27/08/2026 - 16:30

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ26/08/2026 - 14:5726/08/2026 - 15:43

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Горан Наумовски26/08/2026 - 14:46

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:05

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 17:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео