Правобранителот апелира да не се дозволи злоупотреба на деца за партиски цели

Од:

Во пресрет на локалните избори, Народниот правобранител денеска апелираше до сите учесници во изборниот процес да не дозволат и да спречат секаков обид за инволвирање и евентуална манипулација и злоупотреба на децата за партиско-политички цели.

– Како орган надлежен за заштита на правата на децата Народниот правобранител ги повикува родителите, политичките партии и другите учесници да не дозволат вклучување на децата во кампањата, односно тие да не се користат во политичките спотови, билборди, како и на митинзите на учесниците во изборниот процес, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Вклучувањето на децата на каков било начин во политичката кампања е спротивно на Конвенцијата за правата на детето, според која, децата треба да бидат заштитени од сите видови злоупотреби и манипулации, Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба на Собранието на Република Македонија, Законот за заштита на децата, како и Законот за основно и средно образование, со кои покрај другото се забранува политичко организирање, дејствување и злоупотреба на децата.

Истовремено, Народниот правобранител својот апел го упатува и до медиумите со цел да не прифатат да емитуваат платени политички пораки, ако преку нив се врши употреба на децата за политички цели.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници