Кривична пријава за стружаните што нападнаа полициски службеници

Од:

Две лица од струшкото село Џепин и еден стружанец добија кривични пријави за напад на полициски службеници кои констатирале сообраќаен прекршок.

СВР Охрид денеска соопшти дека полициската станица од Струга поднела кривични пријави против А.К.(38), Д.К.(35), двајцата од струшкото село Џепин и Л.Б.(29) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

Пријавата против А.К., била дополнета и за сторено казнено дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“.

– Казнените дела ги сториле на 29 јули околу 17 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга, кога физички нападнале полициски службеници, кои констатирале сторен сообраќаен прекршок и преземале соодветни законски мерки, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он