Груевски: Владата целосно го врати долгот кон стопанството

Од:

Владата целосно го врати долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции, информираше премиерот Никола Груевски во своето обраќање на бизнис форумот во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) што денеска  се одржа во Скопје.

– Минатата година во екот на европската должничка криза стопанските комори укажаа дека има големи износи на средства кои не им се повратени од ДДВ и од извршените услуги кон државните институции. Владата го согледа ова прашање, направи анализа и план и на 24 септември лично им ветив на компаниите во Македонија дека до крајот на февруари 2013 година во целост ќе го  анулираме ова прашање. Токму тоа и се случи, рече премиерот Груевски.

Денеска, нагласи, можам да информирам дека во петокот го повикав министерот за финансии да го прашам дали оваа операција е завршена.

– Тој ме информираше дека во целост се елиминирани доцнењата на плаќањата по основ на поврат на ДДВ и на услугите кон компаниите. Така што и ова прашање кое минатата година ја засегаше македонската економија е надминато онака како што ветивме, рече Груевски.

Наша цел и план е и така и ќе биде, вети, понатаму да опстоиме на овој начин и да не се создадат такви доцнење во плаќањата.

Неодамна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека до крајот на февруари ќе бидат исплатени обврските на државата кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи.

– Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Сведено е под 10 милиони евра, што значи во изминатите пет месеци имаме исплатено над 82 милиони евра кон стопанството. Фирмите тоа го чувствуваат. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави тогаш Ставрески.

На средината на септември минатата година, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваа 92 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала