Кери: САД го поддржуваат народот на Египет

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој е во посета на Египет, ја повика опозицијата да учествува на општите избори, а народот да престане со одржување протести и да почне да работи на унапредување на демократијата.

Кери се сретна со министерот за надворешни работи Мухамед Камил Амр. На заедничката прес-конференција Кери ја повика опозицијата на општите избори што ќе се одржат во април годинава.

– Пред вас е наоѓаат избори. Задоволни сме што прифативте странски набљудувачи да обезбедат транспарентност и веродостојност на изборите, рече Кери.

Тој повеќе пати повтори дека САД и администрацијата на Обама не поддржуваат одредена група, туку египетската држава и народ, осврнувајќи се на критиките на египетската опозиција Вашингтон да го поддржи актуелниот претседател Мохамед Морси.

Шефот на дипломатијата на САД истакна дека во Каиро не дошол за да се меша во внатрешните работи на земјата или да поддржува одредени поединци или групи, туку во име на претседателот Обама пријателски да го поддржи народот на Египет и демократските процеси во земјата.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот