„Српските железници“ утре ќе склучат договор со швајцарската фирм „Штадлер Буснанг“ за набавка на 21 нови патнички возови во вкупна вредност од 99 милиони евра.
Како што јави Танјуг, новите возови ќе бидат купени со кредит од Европслата банка за обнова и развој )ЕБРД), доделен во рамките на проектот за модернизација на железничката инфраструктура во Србија.
Според најавите, швајцарските возови „Српските железници’“ главно ќе ги користат на линии во домашниот железничи сообраќај.